Да се интензивира соработката на Македонија и Албанија околу изградбата на патната инфраструктура, особено на Коридорот 8, бидејќи само модерните патишта можат да ја интензивираат заемната трговска и економска соработка. Ова е генералниот заклучок до кој вчера дојдоа на заедничката средба претставниците на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија со повеќечлена делегација на стопански комори, асоцијации и здруженија од Албанија. Тие сметаат дека иако сме добри соседи, трговската размена, којашто може да биде далеку поголема, не е на задоволително ниво. Јелисавета Георгиева, извршен директор во Стопанската комора на Македонија, посочи дека во моментов со Албанија не можеме да се пофалиме со голема бројка во надворешната трговска размена.
Да се интензивира соработката на Македонија и Албанија околу изградбата на патната инфраструктура, особено на Коридорот 8, бидејќи само модерните патишта можат да ја интензивираат заемната трговска и економска соработка.
Ова е генералниот заклучок до кој вчера дојдоа на заедничката средба претставниците на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија со повеќечлена делегација на стопански комори, асоцијации и здруженија од Албанија. Тие сметаат дека иако сме добри соседи, трговската размена, којашто може да биде далеку поголема, не е на задоволително ниво.
Јелисавета Георгиева, извршен директор во Стопанската комора на Македонија, посочи дека во моментов со Албанија не можеме да се пофалиме со голема бројка во надворешната трговска размена.
- Можеме само да се пофалиме со заеднички проекти и учество на трети пазари. Токму затоа посетата е продлабочување на соработката во областа на туризмот, текстилната и прехранбената индустрија, како и учество во заеднички проекти - вели Георгиева.
Според претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Мендерес Кучи, трговската размена не соодветствува на високото ниво во дипломатските и политичките односи меѓу двете држави.
- Главен проблем е патната инфраструктура. Не сме задоволни со обемот на размена на стока и услуги, утврдивме насоки и сметаме дека недостига стратешка програма со вклучување и на политичките и на економските чинители. Како проблем е утврден инфраструктурниот дел, за којшто во голема мера се работи во Албанија во последно време. Инвестициите што се направени во Албанија нема да може да се материјализираат затоа што треба компатибилно на тоа да се развива и инфраструктурната мрежа во нашиот дел - укажа Кучи.
Претставниците на албанските комори и здруженија сметаат дека не се инвестира доволно во патното поврзување помеѓу двете држави. Според нив соработката може да се реализира во повеќе сектори меѓу кои и туризмот, ИТ-секторот оти за развој на овие дејности не постојат граници.
- Нашата заедничка молба до двете влади е да инвестираат повеќе во изградба на Коридорот 8 што ги поврзува двете земји. Да се интензивира и изградбата на патната инфраструктура кон Тирана и Драч, оти преку ова пристаниште може да се реализира транспортот на македонските стоки кон и од европските пазари - смета Николин Јака, претседател на албанската комора.